По едногодишниот бојкот на Парламентот, предизвикано од изборниот пораз во минатата година, сите 55 пратеници од опозицијата во Камбоџа се враќаат во Парламентот.
Опозиционерите обвинуваа за лажирање на изборните резултати, според кои партијата на премиерот Хун Сен освои 68 од вкупно 123 пратенички места.
Опозицијата во Камбоџа најпрвин бараше нови избори и уставни промени, но по категоричното одбивање на премиерот Хун Сен да разговара за тоа, опозиционерите се согласија да учествуваат во парламентарната работа со договор за измени во изборното законодавство.