Чешките власти повеќе не сакаат официјалното име на земјата, која многу држави ја нарекуваат Чешка Република, да биде несоодветно кратено и изобличувано и ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји.
– Министерството за надворешни работи ќе побара од ОН да ги впише во регистрите правилните еквиваленти на името на земјата на официјалните јазици – Czechia на англиски, Tchequie на француски, итн, се вели во заедничкото соопштение на претседателот, премиерот, министерите за надворешни работи и за одбрана и претседателите на двата дома на Парламентот на Чешка.
– Препорачуваме името на земјата да се користи со еден збор во ситуации во кои не е потребно да се користи официјалниот назив, како на спортски настани, маркетинг собири и слично, се вели во изјавата.
Меѓутоа, се јавија и противници на употребата на кратката форма на името на Чешка, меѓу кои е и министерката за регионален развој Карла Шлехтова.
– Не се согласувам со името Чешка (Czechia). Не сакам да не мешаат со Чеченија (Chechnya), напиша Шлехтова на Твитер.