Познатите туристички атракции во Шангај ќе бидат во темница за да се заштеди струја

Од:

Популарните туристички места во кинескиот град Шангај нема да светат две ноќи за да се заштеди струја, соопштија властите.

Шангај не е единствениот погоден од ограничувањата. И во некои други делови на Кина, како што е провинцијата Сечуан, беа наредени ограничувања за електрична енергија поради големите суши во услови на рекордниот топлотен бран.

Градските власти на Шангај објавија дека зградите во Бунд, покрај најголемата река во градот, нема да бидат осветлени во понеделник и вторник.

Се извинуваме за непријатностите“, се вели во соопштението.

Кина го издаде своето прво национално предупредување за суша оваа година минатата недела, откако областите како Шангај во регионот на делтата на реката Јангце и Сечуан во југозападна Кина беа погодени од неколкунеделни екстремни горештини.

„Жолта тревога“ е третото најстрого ниво на официјалната скала.

Официјални лица во провинцијата Сечуан, каде температурите надминаа 40 степени Целзиусови, во неодамнешното соопштение рекоа дека зголемените температури и ниските врнежи, заедно со зголемената климатизација, предизвикале недостиг на електрична енергија.

Покраината ги продолжи мерките за заштеда на електрична енергија за пет дена до четврток, јавуваат медиумите. Снабдувањето со електрична енергија на некои индустрии е исто така ограничено.

Германскиот производител на автомобили Фолксваген изјави за Би-Би-Си дека неговата фабрика во Ченгду, главниот град на Сечуан, останува затворена.

Портпаролот на Фолксваген рече дека компанијата очекува „мало задоцнување“ во испораките што би можеле и  да се вратат на претходните нивоа „во блиска иднина“.

„Ја следиме ситуацијата и сме во тесна комуникација со нашите добавувачи“, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД