Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Од:

Познатиот руски спортист и контраразузнавач Владимир Фешенко е пронајден мртов во центарот на Москва, во една од зградите на Министерството за одбрана на улицата Олховска во центарот на градот, јавува познатиот Телеграм каналот „База“.

Како што е соопштено, имало дупка од куршум во неговата глава и Фешенко почина на лице место. Тој беше познат руски шампион во кревање тегови, а во моментот на убиството имаше 26 години.

Фешенко наводно е убиен за време на судир со пријател, со кој претходно служел на Далечниот Исток. Осомничениот наводно бил приведен и го признал убиството.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Владимир Фешенко бил контраразузнавач на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Би можело да ве интересира

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“