Пожарот уништи дел од аеродромот во Најроби, нема знаци за тероризам

Од:

Голем пожар што утрово избувна на меѓународниот аеродром „Џомо Кенијата“ во Најроби е локализиран, но ја уништи зградата за слетувања, поради што аеродромот е затворен и сите летови се пренасочени на аеродромите на соседните земји.

Аеродромот ќе биде отворен попладне за домашни и меѓународни карго летови. Летовите ќе се извршуваат од карго терминалот.

Пожарот избувна на 15-та годишнина од бомбашкиот напад врз американската амбасада во Најроби и Дар ел Салам во соседна Танзанија, но засега нема знаци дека станува збор за терористички напад.

Засега нема информации за повредени, изјави секретарот во Министерството за сообраќај и инфраструктура Мајкл Камау.

Аеродромот во Најроби е еден од најзначајните во источна Африка и неговото затворање ќе го погоди функционирањето на летови во регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Пожарот во Мариово е ставен под контрола