Повеќе од 40 луѓе загинаа, повеќето од нив во Алжир, во шумските пожари на Медитеранот кои им се закануваат на селата и одморалиштата, а илјадници се евакуирани.
Грција се подготвува за нови летови за евакуација од Родос, додека пожарите беснеат на островите Крф и Евија. Топлотниот бран не стивнува, се очекува температурите да се искачат над 44 степени во делови од Грција. Министерството за цивилна заштита предупреди на екстремна опасност од пожар во шест од 13 региони во земјата.
Пожарите што се шират низ Сицилија и ја принудија Италија накратко да го затвори аеродромот во Палермо. Со помош на локалните жители, стотици португалски пожарникари од вчера се борат со шумскиот пожар во природниот парк во близина на популарната дестинација за одмор Кашкаис, а силните ветрови ги отежнуваат напорите.
Најголем број на загинати досега се во Алжир, каде што 34 жртви меѓу кои и десет војници загинаа во пламен за време на евакуација во крајбрежната провинција Беџаја, источно од Алжир. Бејаја е најтешко погодената област со 23 смртни случаи, според локалните медиуми.
Алжирските власти соопштија дека 80 отсто од пожарите биле изгаснати, но масовните напори продолжуваат, во кои учествуваат околу 8.000 луѓе, стотици противпожарни возила и неколку авиони. Пожари беснеат и во соседен Тунис, каде што 300 луѓе мораа да бидат евакуирани од крајбрежното село Мелула.