Во затворот Масијах, во централниот дел на Израел, каде е затворен и поранешниот претседател Моше Кацав, денеска изби поржар, при што 11 лица се полесно повредени.
Седум чувари, еден затвореник и тројца пожарникари вдишале чад, а поранешниот претседател не е повреден.
Пожарот избил во затворската фабрика, но се уште не е позната причината за огнот. Кацав беше претседател на Израел од 2000 до 2007 година, а издржува седумгодишна затворска казна.
Тој во 2011 година беше осуден поради силување и други точки од обвинението, за што упорно тврди дека е невин.