Пожар во нуклеарна централа во Франција, нема жртви и опасност

Од:

Пожар избувна денеска во француската атомска централа Кетен во Лорена, но без опасност за нуклеарните постројки, соопшти денеска француската државна енергетска групација ЕДФ, која управува со нуклеарната централа.

Во пожарот нема повредени, објави Волстрит журнал.

– Пожарот избувна надвор од нуклеарната постројка, надвор од просторот во кој се наоѓа турбината и генераторот. Инцидентот не предизвика никакви последици за жителите, објави ЕДФ на својот Твитер профил.

Еден блок од централата морал да биде привремено исклучен поради пожарот, кој бил брзо совладан.
ЕДФ е најголем светски оператор со атомски централи. Групацијата управува со 58 реактори само во Франција.

Нуклеарната централа Катен во источниот дел на Франција има четири блока со нуклеарни реактори кои се изградени во периодот од 1979 до 1991 година.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина