Пожар во најголемата рафинерија за нафта во Европа

Од:

Пожар избувна рано изутринава во рефинеријата за нафта на компанијата „Шел“ во холандскиот град Ротердам, предизвикувајќи делумен прекин на работата во објектот.

Пожарот во оваа најголема рафинерија за нафта во Европа избувнал во електроцентралата под висок напон. Причините за пожарот засега не се познати, но се препотсваува дека тој бил предизвикан од краток спој.

Нема информации за жртви при пожарот.

Компанијата „Шел“ инфромираше дека пожарникарите успеале да го изгаснат огнот нешто пред шест часот.

Според „Шел“, засега не можно да се направи проценка на штетите од пожарот, како ни да се каже кога рефинеријата ќе почне да работи со полн капацитет.

Претставник на регионалната служба за безбедност изјави дека во атмосферата не е забележно присуство на отровни честички ослободени при пожарот.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи