Пожар во Националната библиотека во Франција

Од:

Во пожарот кој избувна на покривот на Националната библиотека на Франција, оштетени се околу 100 квадратни метри од покривот, повредени нема, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пожарот според пожарникарите избувнал во делот на покривот каде се изведуваат градежни зафати за вадење на азбестот.

Во неговото гаснење беа вклучени 120 пожарникари и триесетина пожарникасрки возила.

Во библиотеката има постојано противпожарна единица, која успеа да ги евакуира работниците. Причините за пожарот не се утврдени.

Пожарот се случи во историското седиште на библиотеката во кое од 18-от век се наоѓаат значајни и ретки ракописи, стари книги, мапи и монети. Реновацијата на историскиот дел на библиотеката треба да трае осум години, а почетокот беше во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина