Пожар во Копенхаген, гореше зградата на Министерството за финансии

Од:

Утрово околу 10.45 часот избувна пожар на покривот на зградата во која е сместено данското Министерство за финансии во Копенхаген. Во зградата бил и министерот кој бил на состанокот кога се огласил алармот.

Густ црн чад се издига од зграда во центарот на Копенхаген, пишуваат медиумите.

Полицијата соопшти дека зградата зафатена од пожарот, како и другите згради во близина се евакуирани.

Нема извештаи за повредени.

Зградата се наоѓа на приближно десет минути пешачење од старата берза во Копенхаген, која изгоре во пожар во април, потсетуваат локалните медиуми.

Полицијата во Копенхаген во 11.35 на X објави дека последните информации од Генералштабот се дека пожарот е ставен под контрола и дека преостанатите жаришта се гаснат.

Полицијата се уште е на терен, а областа ќе биде блокирана извесно време.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац