Пожар во Франција зафатил 750 хектари во долината на реката Ардеш

Од:

Пожарот во југозападна Франција се прошири до долината на реката Ардаш и сега зафати 750 хектари, поради што локалното население е евакуирано, соопштија локалните власти.

Од избувнувањето на пожарот утринава, евакуирани се две фабрики во малиот град Лавилди, како и прифатилиште за животни и кампови, а во тек е евакуација на селото Вога.

– Пожарот избувна помеѓу 8:30 и 8:45 часот и напредуваше многу брзо поради силниот ветер, изјави градоначалникот на Лавилди, Жерар Сокл, за ТВ БМФ и потврди дека 450 пожарникари се ангажирани во гаснењето на пожарот и евакуацијата на загрозените.

Претходно овој месец, шумските пожари изгореа повеќе од 20.000 хектари во департманот Жиронд во југозападна Франција, откако Франција и остатокот од Европа беа погодени од рекорден топлотен бран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

60 пожари на отворено во викендот, ЦУК апелира да не се палат стрништа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) После пожарите, нова опасност за жителите на Калифорнија

Лос Анџелес: Бројот на загинати во пожарите се искачи на 16, доаѓаат нови проблеми

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари