Пожар во Франција, две деца го загубија животот

Од:

Две деца загинаа, а најмалку 18 други се повредени во пожарот кој изби денеска околу 14 часот во југозападниот француски град Либурн.

Двете братчиња, едното од 4 години, а другото од 18 месеци биле дома во станот во запалената седумкатна зграда заедно со нивната 5-годишна сестричка, која исто така е во критична состојба.

„Од непознати причини мајка им избегала од огнените јазици сама“, изјави градоначалникот  и додаде дека на сите 150 граѓани ќе им се обезбеди сместување најблиску што може до нивните домови.

Пет од повредените лица се во многу критична состојба.

Огнот започнал во подрумот и се проширил нагоре кон зградата, блокирајќи го влезот. Станарите на брзина почнале да бегаат, а една жена скокнала преку прозор.

234 пожарникари се бореле да го стават огнот под контола до доцна вечерта.

Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“