Пожар опустоши станбен реон во Манила

Од:

Над 4.000 лица останаа без покрив над главата во големиот пожар што зафати цел станбен реон на филипинската престолнина Манила, пренесе ДПА.

Во големиот пожар настрадаа најмалку осум лица, а се случил доцна синоќа. Стотици домови се уништени во предградието Мандалујонг, во источниот дел на Манила.

Повредените се префлени во блиските болници со контузии и мали изгореници и се во стабилна здравствена состојба.

Силниот ветар предизвикал пожарот да се прошири многу брзо.

Се уште не се знае причината за појавата на пожарот. Тесните улички и недостигот од противпожарни кранови во реонот, исто така, им попречиле на пожарникарите да се справат со огнот. За таа цел дури подоцна бил повикан и употребен хеликоптер.

Лицата кои останале без дом се сместуваат во центрите за евакуација.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски