Пожар на танкер покрај брегот на Оман, екипажот e евакуиран

Од:

Танкерот се запалил во машинската просторија околу 21 наутички милји североисточно од градот Сохар во Оман, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO), повикувајќи се на локалните власти.

Според UKMTO, нема пријавено влијанија врз животната средина, објави Ројтерс.

Иранските власти, како што објави новинската агенција Мехр, тврдат дека товарен брод во Оманскиот Залив бил погоден од ракета од американско потекло.

Исто така, беше објавено дека пет члена на екипажот биле евакуирани и префрлени во Оман со помош на бродови што минувале.

Би можело да ве интересира

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната