Продемократските активисти денеска вратија делови од зоната на протести во Хонг Конг. Во судирот со полицијата, која употреби солзавец и палки, повредени се 15 полицајци, а 26 демонстранти се приведени.
Демонстрантите извикувајќи „отворете го патот“ се обидоа да ги пробијат полициските кордони, користејќи ги чадорите како штит од солзавецот на главната улица.
Околу илјада демонстранти помогнаа повторно да се постават барикадите во густо населениот округ Манг Кок.
Стотици полицајци вчера учествуваа во досега најголемата рација во кампот на демонстрантите поставен на една од главните улици во Манг Кок.