Повторно се урна зграда во Мумбај

Од:

Едно лице загина, а се стравува дека има уште жртви откако синоќа се урна зграда во Мумбај, јавија локални медиуми.

Животот го загубила постара жена, а четворица се хоспиптализирани откако делумно се урна петкатница во областа Махим, во вториот ден од поројните монсунски дождови кои го погодија тој повеќемилионски индиски бизнис центар.

Несреќата се случи само два месеца откако се урна седумкатница во Мумбај при што загинаа 74 луѓе. Подоцна беа уапсени две лица од фирмата задолжена за градба и седум други кои биле поврзани со трагедијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени