Повторно расте невработеноста во Франција

Од:

Бројот на невработени во Франција во текот на април се зголемил за 0,4 отсто, односно работа бараат дополнителни 14.800 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Со новообјавените статистики, бројот на невработени достигна 3,364 милиони лица, односно 3,5 отсто повеќе за само една година, што е апсолутен нов рекорд.

Откако Франсоа Оланд ја презеде претседателската функција во мај 2012 година, па до крајот на април 2014, бројот на невработените се зголеми за 440.200 лица. За споредба во периодот од мај 2007 до април 2009 година бројот на невработените под претседателството на Никола Саркози се зголеми за 283.700 лица.

Францускиот претседател побара од Французите да го „судат“ според неговите резултати во борбата против невработеноста. Тој самиот пред работниците од „Мишелин“ пред околу еден месец изјави дека нема да се кандидира во 2017 година, ако не успее да се справи со сегашниов тренд на невработеноста, бидејќи е свесен дека Французите нема да гласаат за него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм