Повторно протести во Хонг Конг

Од:

Во Хонг Конг денеска повторно има протести пред Министерството за правда поради законот за екстрадиција. Демонстрантите блокираа улици и ги натераа вработените да излезат од зградата.

– Повлечете ги злите закони, ослободете ги мачениците… Тереза Ченг излези, извикуваа демонстрантите обраќајќи и се на министерката за правда.

Други извикуваа – „Осудете ја употребата на прекумерна сила од страна на полицијата и ослободете ги демонстрантите“.

На денешниот протест имаше и судири помеѓу демонстрантите и полицијата, која формираше кордон околу полициското седиште.

Демонстрантите упатија барање до лидерите на Г-20 да го стават на дневен ред прашањето на Хонг Конг на утрешниот Самит што се одржува во Осака, Јапонија.

Протестите траат неколку недели поради спорниот закон за екстрадиција на граѓаните на Хонг Конг во Кина. Противниците на законот наведуваат дека правниот систем на Кина нема да им ги гарантира истите права на обвинетите какви што ги имаат во полуавтономната кинеска територија.

Премиерката Кери Лам поради притисокот на демонстрантите неодамна соопшти дека спорниот нацрт закон се повлекува од процедурата на усвојување, но граѓаните бараат законот да биде повлечен во целост.

Демонстрантите бараат повлекување на законот, оставка од премиерката, ослободување на притворените демонстранти, како и истрага за полициското насилство.

Во 1997 година Велика Британија го предаде Хонг Конг на Кина со гаранции дека територијата ќе го задржи социјалниот, правен и политички систем во следните 50 години според формулата „една земја, два система“. Но, Кина се повеќе отстапува од договорот и инсистира на измени на законите.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше