Над 12 илјади лица излегоа денеска на улиците на Хонг Конг барајќи „вистинско и универзално право на глас“. Според извештаите на полицијата, 12.000 демонстранти во центарот на Хонг Конг ги обезбедувале 2.000 припадници на полицијата.
Преполните улички наликуваа на жолти реки, поради жолтите транспаренти и жолтите чадори, кои демонстрантите ги носеа како симбол на минатогодишната кампања, кога ги користеа за одбрана од спрејовите кои ги користеше полицијата.
Протестите во Хонг Конг почнаа минатата година поради одлуката на Владата во Кина да ги ограничи изборните реформи за првите избори за локални лидери во оваа административна област, што треба да се одржат во 2017 година.