Повторно надлетување на Париз од дронови

Од:

Мали водени со далечинско управување дронови се вратија повторно на париското небо, според очевидците биле видени на пет различни места меѓу 23 часот и два часот изутрината, јави дописникот на МИА од Париз.

Бројот на дроновите не е утврден со прецизност, но тие беа забележани од повеќе сведоци, меѓу кои и од припадници на силите на редот, најпрво во близината на плоштадот Конкорд, веднаш до американската амбасада, Инвалидите или Ајфеловата кула. Овие зони на надлетување се совпаѓаат со тие од претходнаат ноќ, кога надлетаа чувствителни точки над француската престолнина.

Во текот на минатата ноќ биле надлетани и други делови на Париз, како Источната железничка станица, Порт де Шапел, плоштадот Опера, паркот Туилеру, Националното собрание, булеварот Вожигард со Сенатот и паркот Луксмебург.

Идентитетот на пилотите и нивните мотиви не се познати засега. Снимките од дроновите направени од минувачите им се предадени на жандармеријата за воздушниот превоз, задолжена да ја води истрагата.

Дроновите служат како тест за француските безбедносни служби. Истражните служби добиле повеќе сведоштва, сега само се испитува колку од тие сведоштва се веродостојни. Освен ако не се работи за една игра или ефект на мода.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата