Децата го сочинуваат мнозинството од 109-те тела досега пронајдени во масовните гробници во Кенија поврзани со култот, изјави денеска министерот за внатрешни работи на земјата.
Следбениците на „Меѓународната црква на добрите вести“, која се наоѓала во близина на крајбрежниот град Малинди, наводно верувале дека ќе отидат во рајот доколку се изгладнат, пренесува Ројтерс.
„Според извештаите, најмногу починати што најдовме се деца, потоа жени, а најмалку мажи“, изјави министерката за внатрешни работи на земјата, Китур Киндики.