Повеќето Американци сметаат дека демократијата им е загрозена

Од:

Речиси три четвртини од американските гласачи сметаат дека демократијата им е под закана, по смртоносниот напад на толпата врз американскиот Капитол, покажа најновото истражување на Универзитетот Квинипек.

Истражувањето, спроведено врз национален примерок од регистрирани гласачи во САД, а кое вчера беше објавено, покажа дека голем број републикански и демократски гласачи сметаат дека демократијата е под закана, со 77 и 76 проценти, додека независните гласачи се помалку согласни со ваквиот став иако и тој е превисок – 70 проценти, наведува „Гласот на Америка“.

Мнозинството гласачи, или 56 проценти, американскиот претседател Доналд Трамп го сметаат за одговорен за нападот врз американскиот Капитол од минатата недела, додека 42 проценти изјавија дека не го сметаат за одговорен.

Мнозинството гласачи, 52 наспроти 45 проценти, изјавија дека Трамп треба да биде сменет од функцијата пред да ја напушти Белата куќа, на 20 јануари.

Меѓутоа, разложени по партии, огромното мнозинство републиканци, или 87 проценти, сметаат дека Трамп не треба да биде сменет од функцијата, додека огромното мнозинство од демократите, или 89 проценти, сметаат дека треба. Независните гласачи се порамномерно поделени, со 55 проценти од оние кои се залагаат за разрешување и 43 проценти кои се против тоа.

Гласачите се поделени партиски и за тоа дали има широко распространета измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година, како што тврди Трамп. Републиканците изјавија дека има широко распространета измама кај гласачите – 73 наспроти 21 процент, додека кај демократите 93 проценти сметаа дека нема, а пет проценти изјавија дека има измама.

Независните гласачи, 60 проценти наспроти 30 проценти, сметаат дека има широко распространета измама на гласачите.

Гласачите, исто така, беа поделени околу тоа дали сметаат дека нападот врз Капитол е обид за пуч, бидејќи 47 отсто од нив сметаат дека станува збор за таков обид, 43 проценти не, а 10 проценти не беа сигурни.

Во неколку прашања, гласачите беа речиси едногласни, вклучувајќи го и ставот дека треба да има одговорност за лицата кои упаднаа во Капитол, каде дури 91 процент од испитаниците се согласија.

Гласачите, исто така, нашироко се согласија, 81 наспроти 12 проценти, дека екстремизмот е голем проблем во САД.

Истражувањето опфати 1.239 регистрирани гласачи низ целата земја, а беше спроведено од 7 до 10 јануари.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија