Повеќемина уапсени за планирање напад на концерт на Тејлор Свифт, еден има хрватско потекло

Од:

Франц Руф главниот директор за јавна безбедност на Австрија изјави дека информациите за планираниот терористички напад во Виена дошле од странски тајни служби.

Тој потврди дека имало пријави од странски служби. Како што пренесоа некои американски медиуми, американските тајни служби ги информирале своите австриски колеги за можниот напад.

Како што соопштија на прес-конференција во Австрија, две лица се уапсени, а едно лице е приведено за планирање напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Запленети се многу материјали за изработка на бомби.

Еден од тројцата кои се под полициски надзор има хрватско потекло, но е роден во Австрија.

„Кроне цајтунг“ пишува дека четворица осомничени се под полициски надзор и дека еден од нив, 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, веќе и е познат на полицијата.

Меѓу нив има и 15-годишник со турско потекло.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Тужба за Тејлор Свифт за авторски права

А1он

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он