Повеќе од сто општини немаат вода за пиење во Франција

Од:

Повеќе од сто општини во Франција денеска веќе немаат вода за пиење, изјави францускиот министер за еколошка транзиција Кристоф Бечу, јави дописникот на МИА.

– Во овие општини, прецизира министерот, „има снабдување со камиони со вода за пиење (…) бидејќи веќе нема ништо во цевките, рече Бечу за време на посетата на поморските Алпи, кој ситуацијата како „историска“.

– Зборовите на премиерката Елизабет Борн се многу јасни: историска суша, нагласи министерот, при патувањето во Румулес, во срцето на една плантажа со лаванда. Изутринава, премиерката Елизабет Борн ја активираше меѓуресорската единица за кризи, која треба да се состане во текот на денот, соочена со „историската ситуација низ која минуваат многу територии“, објави Матињон.

Кристоф Бечу, териториите кои се соочуваат со „продолжен дефицит на вода“, ги замоли да ја „предвидат“ состојбата. – Тешкотијата на логистика и транспорт не е иста според општините, подвлече министерот, појаснувајќи дека тоа е во зависност од тоа дали е планинска општина, голема или мала агломерација.

По планатажата со лаванда во Румулес, Кристијан Бечу мора да оди, придружуван од министерот за земјоделство Марк Фесно, по водниот тек Клостр, каде што ќе разговара за прашањата за сушата и биолошката разновидност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано