Околу милион деца имаат потреба од итна хуманитарна помош по разорниот земјотрес во Непал во кој имаше околу 3.200 жртви, оцени денеска УНИЦЕФ.
– По потресот што го погоди Непал илјадници деца и нивните семејства спијат на отворено и постои опасност од ширење на болести, соопшти специјализираната организација на Обединетите нации, пренесува Фена.
– Најмалку 940.000 деца кои живеат во зоните погодени од потресот во Непал имаат потреба за итна хуманитарна помош, се наведува во соопштението.
– Заради недоволно количество на вода за пиење и санитарни објекти децата се изложени на болести кои се шират низ воздухот, додека некои деца се одвоени од своите семејства.
УНИЦЕФ мобилизира тимови и во Катманду ќе испрати два товарни авиона со 120 тони хуманитарна помош, меѓу кои ќе има лекови, шатори и прекривки.