Повеќе од илјада мигранти се спасени во Италија

Од:

Повеќе од илјада мигранти денеска беа префрлени на брегот на јужна Италија, откако крајбрежната стража започна неколку спасувачки операции поврзани со три чамци со мигранти во немирните води недалеку од брегот на Калабрија.

Брод на италијанската крајбрежна стража превезе 584 луѓе во крајбрежниот град Реџо Калабрија, додека друг брод придружуваше пренатрупан рибарски брод со 487 мигранти до пристаништето Кротоне. Околу 200 мигранти потоа беа спасени во близина на Сицилија и ќе бидат транспортирани во Катанија во текот на денот. Од средата во Италија се спасени над 4.000 мигранти, додека лани во текот на март беа спасени 1.300 мигранти.

Дури 1.869 мигранти пристигнале само на Лампедуза со 41 брод во четвртокот, објави новинската агенција АНСА, коментирајќи дека ова е рекорден број на мигранти кои пристигнале за еден ден.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага