Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19

Од:

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот се искачи над 95 милиони, а од последици од заразата починале 2.034.623 луѓе, додека оздравеле приближно 68 милиони.

Според податоци на сајтот „Ворлдометер“ (worldometers.info) од почетокот на пандемијата до денеска со Ковид-19 во светот инфицирани се 95.168.543 луѓе, а оздравеле 67.937.306 лица.

Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405.000 смртни случаи.

По бројот на смртни случаи на второ место е Бразил, каде од последици од Ковид-19 починале 209.350 луѓе, а вкупно заразени се над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152.000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана