Повеќе од 742.000 Украинци се без струја

Од:

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе од 742.000 луѓе во моментов немаат пристап до електрична енергија низ целата земја.

Ситуацијата е најтешка во регионот на Доњецк, каде што над 233.000 се „целосно исклучени“.

Министерството додаде дека повеќе од 238.000 Украинци се без гас.

Според соопштението, на неколку илјади корисници им е обновен пристапот до струја и гас во изминатите 24 часа, но „нападите предизвикаа нови оштетувања и прекини на електричната мрежа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина