Најмалку 43 луѓе од кои 18 полицајци и 25 демонстранти се повредени денеска за време на протести во Конакри. Претставник на гвинејската опозиција Аламами Суме изјави дека полицајците испукале солзавец за да растераат демонстранти собрани пред седиштето на владејачката партија.
Демонстрации имаше во голем број градови и тие бараат транспарентност на изборите закажани за 12 мај и се против изборот на јужноафриканска организација да го провери изборниот список.
Изборите во таа западноафриканска држава требаше да се одржат во 2011 година, но повеќепати беа одлагани.