Повеќе од 300 Африканци се удавија крај италијанскиот брег

Од:

Повеќе од 300 имигранти од Африка се удавија вчера во близина на брегот на Италија откако пожар зафати брод со кој патувале и во паниката се превртел бродот на речиси еден километар од копното. Во акцијата на италијанските спасувачки служби спасени се 151 лице.

До вечерта беа извадени 114 тела иако спасувачките тимови регистрирале околу 200 заробени жртви во трупот на бродот кој е на околу 40 метри под површината на водата.

– Само три од околу 100 жени колку што биле на бродот се спасени и ниту едно од десетината деца. Две жени, жртви биле бремени, изјави Симона Моцарели од Меѓународната организација за миграции во Рим.

Официјален претставник од ОН задолжен за права на мигрантите вели дека таа несреќа е резултат на репресивната политика спрема илегалните имигранти. Бродот од 20 метри превезувал околу 500 луѓе од Африка, претежно од Сомалија и Еритреја до италијанскиот остров Лампедуза каде се наоѓа голем прифатен центар за имигранти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале