Повеќе од 30 џихадисти загинаа во борбите во Кобане

Од:

Екстремистите од Исламска држава претрпеа големи загуби во денешнитеборби за сирискиот град Кобане, соопштија курдски претставници.

Авионите на коалициските сили предводени од САД денеска продолжија со воздушните напади врз позициите на ИД во околината на Кобане, како поддршка на курдските бранители на градот, кои се обидуваат да го спречат заземањето на Кобане од страна на ИД.

– ИД доведе дополнителен број борци… и жестоко напаѓа. Но, благодарение на воздушните напади и одговорот (на курдските борци) тие не остварија никаков напредок, изјави курдскиот претставник Идриз Насен.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека од вчера до денеска во борбите загинали 31 припадник на ИД. Во воздушните напади загинале 15, а во уличните борби 16 џихадисти, додека на курдската страна загинале седум луѓе.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија