До денеска попладне, по локално време. бројот на загинатите во сообраќајни несреќи во Тајланд, регистрирани во последниве четири дена се искачи на над 250.
Националните медиуми пренесуваат дека најмногу жртви има меѓу лицата кои кон Бангкок се враќаат со мотори, а најчеста причина за трагичните исходи се неприлагодената брзина и возење без шлем, најчесто во алкохолизирана состојба.
За нови рекорди на тајландската црна листа, наречена „Седумте најопасни денови’’ причина се и недоволно добро одбележаните патишта.
Полицијата денеска имаше поставено повеќе контролни пунктови, но и тоа не помогнало.