Камбоџанскиот премиер Хун Сен денеска изјави дека над 250.000 камбоџанци кои до почетокот на јуни работеле во Тајланд се вратиле дома. За разлика од претходните изјави на министерствата за надворешни работи и за труд, кои остро го осудуваа Тајланд поради егзодусот на нивните сограѓани, премиерот Хун Сен рече дека ќе започне преговори за легализирање на работниот статус на камбоџанските работници во Тајланд.
Хун Сен соопшти дека на 18 јуни добил писмо од шефот на тајландската хунта, генералот Прајат, во кое тој му објаснува дека хунтата немала намера да употреби сила, а не издала ни наредба за протерување на странските работници. Според ова писмо, стравот и бегањето на камбоџанските работници ги предизвикале гласините што допринеле и по 40.000 камбоџански работници, од кои најголем број работеле во Тајланд илегално, да се вратат во Камбоџа.
Камбоџанскиот премиер соопшти дека во Тајланд, поради поседување фалсификувани документи за престој, се уапсени 13 камбоџански работници. Тој рече дека ќе побара властите од Бангкок да се откажат од нивно судење и да ги депортираат во Камбоџа. Според Хун Сен, фалсификуваните документи ги правеле посредниците, а работниците не ни знаеле декасе неважечки.