Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) примила повеќе од 2.000 барања од авганистански колеги за помош при евакуација од Авганистан откако радикалното талибанско движење ја презеде власта во земјата, јави локалната агенција Пајхвок.
Федерацијата веќе побарала од раководството на движењето да организира безбедно заминување на авганистанските новинари од аеродромот во Кабул. Во исто време, не се соопштува дали талибанците одговориле, јави Бгнес.
– ИФЈ се обрати до разни земји, вклучувајќи ги Шпанија, Северна Македонија, Франција, Мексико, Италија, Германија, Обединетото Кралство, САД и Канада, барајќи визи и помош при евакуација на авганистанските новинари, но ниту една земја не е подготвена да прифати повеќе од 10 до 15 новинари, а ние секојдневно примаме барања, бројот постојано расте, изјави Џереми Дир, заменик генерален секретар на организацијата во интервју за пакистанскиот весник Д Њуз“.
Тој додаде дека талибанците не дозволуваат новинарите со странска виза да го напуштат Кабул, со што федерацијата е беспомошна.
Според ИФЈ, повеќе од 160 авганистански новинари отпатувале во Пакистан, најмалку 20 во Индија, а многу други биле евакуирани во Катар како транзитен пункт.