Најмалку 13.000 Финци од петок ја напуштиле Лутеранската црква, незадоволни што таа ја поздравила намерата на владата, наскоро да ги легализира хомосексуалните бракови, соопшти Хелсинки.
Финскиот парламент минатата недела усвои граѓанска иницијатива за легализација на хомосексуалните бракови, а законот за тоа би требало да биде усвоен до 2015 година.
Надбискупот на Лутеранската црква, Кари Макинен веднаш ја поздрави одлуката, што предивика негодување кај конзервативните струи меѓу верниците.
Како што наведуваат медиумите тоа придонело од петок до сега, 13.000 верници „демонстративно“ да се испишат од црквите.
– Пораката на надбискупот беше наменета за либералите во црквата, но неговата изјава се сврте против самата црква -оцени претседателката на Сојузот на слободни мислители, Петри Карисма.
Инаку повеќе од 75 проценти од Финците и припаѓаат на Лутеранската црква, додека во текот на 70-тите години биле дури 90 проценти.
Цркавата според уставот е одвоена од државата, но ужива привилегиран статус. Секој член во црквата е должен да плаќа црковен данок, а со испишување од Лутеранската црква, верникот ја нема веќе таа обврска.
Е. Г.