Повеќе од 12 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцина против коронавирус, соопшти денеска британската Влада.
Според податоците на Владата, досега 12.014,288 Британци ја примиле првата доза на вакцината.
Од последниот пресек, пријавени се 15.845 нови случаи на инфекција и 373 нови смртни случаи, пренесува Би-Би-Си, истакнувајќи дека бројките се пониски во недела поради доцнење на извештаите.