Повеќе од сто луѓе, пред се бунтовници од Боко харам загинаа во борбите во градот Мајдугури, североисточна Нигерија.
Нигериската армија го одби нападот на исламистичката екстремистичка група во Мајдугури, главен град на сојузната држава Борно.
Тоа се смета за клучна победа за нигериските сили, откако Боко харам контролира поголем дел од територијата на тоа подрачје.
Според локални извори, меѓу убиените се 15 нигериски војници и неколкумина цивили, а повредени се 50 лица.
Во изминатите шест месеци Боко харам зазеде десетина градови и села во североисточна Нигерија и ги контролира граничните подрачја на државата Борно.