Повеќе од 100 нелегални имигранти исчезнале по потонување на бродче крај либискиот брег

Од:

Повеќе од 100 нелегални имигранти исчезнале откако нивното бродче потонало крај либискиот брег.

Десетици тела на удавени испливале во водата.

На бродчето имало околу 250 лица, главно имигранти од Сирија и земјите од југот на  Сахара. Властите успеале да спасат само 70 од нив.

Потрагата по имигрантите продолжува, но шансите да има преживеани се минимални, бидејќи инцидентот се случил пред два дена.

Либија во последните години се претвори во појдовна точка за имигрантите од Африка, кои се обидуваат да го пресечат Средоземно Море на патот кон Европа.

Според податоците на ОН само годинава во Средоземно Море се удавиле приближно 2.000 лица, бегалци од Африка и Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски