Повеќе од 100 експерти трагаат по телата на патниците од „Малезија ерлајнс“

Од:

Повеќе од 100 меѓународни експерти и денеска трагаат по телата на жртвите од падот на малезискиот авион во регионот на Доњецк во источна Украина, соопшти портпаролот на ОБСЕ Шив Шарма.

– Повеќе од 100 експерти дојдоа денеска на местото на падот на авионот. Нивната потрага е фокусирана на полето во близина на градот Расупноје, прецизираше Шарма.

Експерти од Холандија и Австралија веќе трет ден работат на местото на падот на авионот, со помош на осумчлена специјална мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Нивната задача е пронаоѓање на телата на жртвите, како и нивните лични предмети.

Авионот „Боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ на патот од Амстердам до Куала Лумпур се урна на 17 јули, во регионот на Доњецк, 60 километри од границата со Русија, во зоната на судири меѓу проруските бунтовници и украинската војска. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“