Постојаните претставници на Боливија, Куба, Еквадор, Никарагва и Венецуела во ОН се пожалија пред светската организација поради недозволувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да прелета преку воздушното пространство на некои европски држави.
Претставниците се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за да го изразат своето незадоволство од постапките на Шпанија, Франција, Италија и Португалија, кои според Боливија го одбиле пристапот до своjoт воздушen простor поради сомневање дека во претседателскиот авион се наоѓа Едвард Сноуден, кој ги откри тајните програми на САД за шпионажа.
– Генералниот секретар изјави дека го разбира незадоволството од oвој случај. Тој е задоволен што не дошло до последици по безбедноста на претедателот Моралес и лицата кои го придружувале. Бан Ки-мун истакна дека е важно во иднина да нема вакви случаи, соопшти канцеларијата на генералниот секретар на ОН.
Бан Ки-мун нагласи дека авионите, со кои патуваат шефовите на држави, имаат дипломатски имунитет и неприкосновеност. Организацијата на американските држави, исто така, го осуди инцидентот со одбивањето на авионот на Моралес.