Повеќе европски земји ја разгледуваат можноста за делумно укинување на ембаргото за оружје врз Сирија

Од:

Повеќе европски држави, меѓу кои и Велика Британија, ја разгледуваат можноста за делумно укинување на забраната за испорака на оружје во Сирија, што ќе дозволи вооружавање на сириската опозиција, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

Камерон во британскиот парламент изјави дека Лондон продолжува да ја поддржува смената на власта во Сирија и да и помага на опозицијата.

Според него, „тоа содејство треба да вклучува и ќе вклучува повторно разгледување на забраната за испорака на оружје“ во Сирија.

Според Камерон, промена на режимот на ембаргото за оружје врз Сирија „ќе биде правилен чекор“.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка