Потребни се решителни дејствија против десничарските екстремисти, изјави германскиот заменик канцелар

Од:

Потребни се решителни дејствија против десничарските демонстранти, што предизвикаа судири пред центар за мигранти во Источна Германија за време на викендот, изјави германскиот заменик канцелар Зигмар Габриел, јави ДПА.

– На луѓето што шират такво насилство, не треба да се даде ниту милиметар простор, изјави Габриел во градот Хајденау, во близина на Дрезден.

Градоначалникот на градот Јурген Опиц изјави дека и канцеларката Ангела Меркел треба да ја посети сцената на немирите, во кои беа повредени 31 полицаец.

Портпаролот на Меркел изјави дека таа го осудува грозоморното насилство.

– Канцеларот и целата влада најкатегорично го осудуваат насилството и агресивните ставови кон странците. Одвартно е како десни екстремисти и неонацисти се обидуваат да пренесат идиотска порака на омраза околу центарот за мигранти, изјави портпаролот Штефан Зајберт.

Во саботата полицијата употреби солзавец за растурање на група од неколку стотици десничарски екстремисти, што го блокираа патот кон поранешен железнички магацин, прилагоден за времен прием на повеќе од 600 мигранти.

Организираните мирни протести од Национал-демократската партија прераснаа во судири со полицијата во кои беа повредени 31 полицаец.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија