Потрага по исчезнат брод со најмалку девет лица во близина на Венецуела

Од:

Брод со најмалку девет лица, кој отплови од островската држава Тринидад и Тобаго кон Венецуела, исчезна во морето и започната е потрага, соопштија спасувачките служби.

Голем број бродови прават тајни премини меѓу двете земји, кои се оддалечени стотици километри, превезуваат илегални мигранти кои сакаат да стигнат до Тринидад и Тобаго, бегајќи од кризата во Венецуела, каде тешката економска ситуација дополнително се влоши со економските санкции.

Други, пак, одат таму од Венецуела за да купат поевтини производи и намирници.

Исчезнатиот брод тргнал во петокот и требало да пристигне во Гуири, североисточна Венецуела, во саботата.

Роднина на еден од патниците во саботата пријавил кај властите дека бродот не пристигнал и потрагата по пловилото почнала вчера. До синоќа ништо не беше пронајдено.

Од 2018 година, повеќе од 100 луѓе ги загубија животите во бродоломи во таа зона. Не е невообичаено бродовите кои пловат кон Тринидад и Тобаго да бидат преполни и често се случуваат несреќи.

Според Обединетите нации, од 2015 година, околу пет милиони Венецуелци ја напуштиле земјата со 30 милиони жители. Од тој број, 25.000 ја избрале Тринидад и Тобаго, земја со 1,3 милиони жители, како своја дестинација.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски