Врховниот суд на Еквадор вчера одреди притвор за потпреседателот Хорхе Глас поради наводно земање мито од сопственикот на градежна компанија. Глас обвини дека одлуката е политички мотивирана и е дело на неговиот ривал, претседателот Ленин Морено.
– Нема потреба да ме барате, јас сум таму каде што секогаш сум бил. Тие што се невини немаат причина да бегаат, изјави потпретседателот Глас, по објавувањето на одлуката. Според обвинението, Глас и група политичари поврзани со него примиле 33 милиони долари мито за да и одобрат зделки на градежната компанија Одебрехт во период од 2013 до 2017 година.
Глас е во отворен судир со претседателот Морено од август. Двајцата беа следбеници на поранешниот претседател Рафаел Кореа, но по повлекувањето на Кореа, Морено и Глас се во судир за контрола врз левичарската партија ПАИС. Во август, претседателот Морено му ги одзеде сите официјални овластувања на Глас. Кореа му изрази поддршка на Глас, велејќи дека полицијата апси чесен човек.