Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Канада најавено за утре

Од:

Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу ЕУ и Канада ќе биде потпишан на 30 октомври во Брисел, соопшти синоќа Европската унија.

Договорот првично требаше да биде потпишан во четвртокот, но церемонијата беше одложена поради забелешките на белгискиот регион Валонија на некои од неговите одреди.

По тридневни интензивни преговори во четвртокот попладне Федералната влада на Белгија и претставниицте на регионалните власти услогласија нов компромисен предлог на договорот, кој уште истиот ден беше одобрен од амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Во синоќешното соопштение на ЕУ, како што јави БТА, се наведува дека условите за потпишување на ЦЕТА биле исполнети откако до синоќа новата верзија на договорот ја одобриле и владите на сите земји членки на Унијата.

По утрешното потпишување на договорот, во рок од две години тој треба да биде ратификуван од националните парламенти на членките на ЕУ.

Измените во договорот гом опфаќаат и барањето на Белгија да може еднострано да се повлече од ЦЕТА, ако процени дека тоа е во нејзин интерес.

Со стапувањето во сила на ЦЕТА се предвидува и Канада да ги укине визите за влез на државјаните на Бугарија и Романија во земјата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он