Потона брод што превезувал патници од Венецуела кон островот Курасао при што загинаа најмалку 4 лица, а 28 се водат како исчезнати.
На бродот имало вкупно 34 патници, а најмалку двајца успеале безбедно да допливаат до брегот. Спасувачките екипи во моментов трагаат по преживеани.
Голем број граѓани на Венецуела се обидуваат да пребегнат на холандскиот острав, бегајќи од економскиот колапс во земјата.