Најмалку 10 лица ги загубија животите, а дваесет се водат како исчезнати, по потонување на брод, во близина на Либревил, престолнина на африканската држава Габон.
Бродот со сокриени мигранти синоќа испловил од пристаништето во Нигерија и на 15 минути од доаѓањето до пристаништето во Габон потонал.
Спасени се 23 патници, а потрагата по исчезнатите продолжи и денес. Габонските власти соопштија дека ја истражуваат причината за несреќата.
Елена Георгиевска