Постои опасност радиоактивна вода од „Фукушима“ да се излее во Пацификот

Од:

Постои опаснот високо радиоактивната вода што истече од резервоарите на оштетената јапонска нуклеарна централа „Фукушима“, да се излее во подземните води што се влеваат во Тихиот Океан, соопшти денеска операторот на нуклеарката Токиската електроенергетска корпорација (ТЕПКО).

Ова е првпат ТЕПКО да признае дека водата што се излеа од резервоарите сместени крај реакторот, би можела да ги загади подземните води.

ТЕПКО соопшти дека во примероците вода земени во реонот близу оштетените резревоари била регистрирана радијација од 650 бекерели на литар.

– Постои веројатност дека загадената вода продрела во земјата и дошла до подземните води, се наведува во соопштението.

Минатиот месец од еден од резревоарите се излеаја околу 300 тони радиоактивна вода.

Јапонската Влада во вторник соопшти дека ќе издвои 470 милиони долари со цел околу оштетените реактори на „Фукушима“ да се создаде непробиен ѕид на мраз, кој би требало да ги насочи подземните води да течат подалеку од нуклеарката.

Мерењето на радијацијата околу резервоарите со радиоактивна вода во оштетената нуклеарка покажа дека радиоактивноста достигнала досега најголемо ниво од дури 2.200 милисиверти, соопшти вчера јапонското регулаторно тело за нуклеарна енергија.

Во резервоарите во „Фукушима“, кои се наоѓаат на рид над Тихиот Океан, се складирани на илјада тони радиоактивна вода која се користи за ладење на реакторите во нуклеарката, која беше оштеттена при земјотресот и цунамито во март 2011 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија