Постигнато е примирје со Израел, тврди претставник на Хамас

Од:

Халил ел Хаја, висок претставник на Хамас, порача дека таа организација постигнала примирје со Израел со што е ставено крај на најголемата ескалација на насилство меѓу двете страни.

Според него, во постигнувањето примирје посредувал Египет, откако, како што рекол, отпорот успеал да ѝ се спротивстави на агресијата. Тој додал дека воените групи ќе го почитуваат примирјето сè додека го почитува и Израел.

Од друга страна, пак, министерот во израелската влада, Нафтали Бенет, во изјава за израелско воено радио рекол дека никаков договор до сега не е постигнат.

Според информациите, во текот на ноќта израелската војска гаѓала десетина воени упоришта во Газа, а продолжиле и ракетни испалувања кон јужните израелски заедници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Хамас повторно нуди ослободување на заложниците за да се стави крај на војната во Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор